Утрински Весник
Македонија

„Данокополи“ – ЛДП со нова игра која ја прикажува македонската реалност

Danokopoli.jpg

Друштвена игра налик на Монопол, насловена како „Монополи“ денеска беше претставена од партијата ЛДП.

Преку полиња „Акциза бензин“ „Данок 18%“ „Банкарски провизии“ „Излез од затвор ако го знаеш судијата“ „Паушали за УО и НО“ ЛДП ја трансфомира играта Монопол во она што од партијата го нарекуваат слика на македонската реалност.


„Дали ја дознавте новата македонска друштвена игра „Данокополи“, каде секој чекор те чини нешто повеќе, а ти не добиваш ништо за возврат?

Без разлика дали станува збор за плаќање на непотребни банкарски трошоци, паушали за екстра членови во управни и надзорни одбори, недоверба во судство или блокирани сметки, со нефункционален систем, „Данокополи“ нуди совршена слика на просечната македонската реалност.

Упатство за употреба: Симнете ја сликата, отпечатете ја и влезете во светот на македонското секојдневие, каде давачките се зголемуваат секојдневно, квалитетот на услуги се намалува, а обичниот граѓанин е секогаш ставен на последно место“ се наведува во објавата на ЛДП.

Можете да прочитате

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Мојсоска: Преку казината власта го пере црниот кеш и затоа не смее да ги затвори коцкарниците

ДОМ: Под превезот на дигитализација се отвора пат за експрес одобрување на изградба на дата-центри!