Утрински Весник
Македонија

Маж пронашол неексплодирана рачна бомба покрај река во Скопско

Stop policija.jpg

Неексплодирана рачна бомба била пронајдена покрај река во скопското село Паницари, по што веднаш била известена полицијата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 октомври 2026 година, во 11:45 часот, во СВР Скопје.


Четириесет и деветгодишниот А.И. од селото Бојане пријавил дека покрај реката во селото Паницари забележал неексплодирана рачна бомба.

По добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот, од каде што бомбата била подигната за понатамошна постапка.

Засега нема дополнителни информации за потеклото на експлозивната направа, ниту за тоа колку време се наоѓала на посочената локација.

Можете да прочитате

ВЛЕН: 335 илјади евра за маката на Груби, додека над 350 илјади Албанци ја напуштија земјата

Штерјова: Левица заедно со ВМРО не гласаа за минимална плата од 600 евра

Пронајдено огревно дрво без документација во велешко, приведени три лица