
На 08.10.2026 во 13:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода С.Ј.(64) од село Марена, и И.Б.(57) од село Мајден, кавадаречко. Тие се сомничат дека од нива во место викано „Краиште”, кавадаречко, сопственост на правно лице, одзеле поголема количина ореви.

Исто така, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со О.С.(59) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од нива, сопственост на правно лице во место викано „Белград” кавадаречко, одзел бадеми. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.


