Утрински Весник
Балкан

(Фото) Обложувланица во Србија објави понуда за изборите: Вучиќ убедлив фаворит

Meridian izbori 2026 10 10 1.jpg

Српскиот синџир обложувалници „Меридијанбет“ објави коефициенти за процентот на освоени гласови, бројот на пратенички места, излезноста и за тоа кој ќе ја предводи следната влада.

Во понудата, границата за листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ е поставена на 45,6 отсто од гласовите. Коефициентот е 1,85 и за резултат под и за резултат над таа граница.


За студентската листа „Студентите победуваат“, границата е 39,05 отсто. Коефициентот за помал процент е 1,90, а за поголем 1,80. За листата на Ивица Дачиќ границата е 3,95 отсто, за „Автентична десница“ 2,4, а за „Европска Србија“ 1,75 отсто.

Понудата опфаќа и пратенички мандати. За листата предводена од Вучиќ границата е 124,5 места, за студентската листа 105,5, а за листата на Дачиќ 9,5. Кај ваквиот тип обложување се избира дали конечниот број мандати ќе биде под или над поставената граница.

Посебна категорија е идниот премиер. Најмал коефициент има Александар Вучиќ – 1,20, по што следуваат Илија Срдановиќ со 4,00 и Ивица Дачиќ со 10. Во понудата се и Синиша Мали со коефициент 15, Ана Брнабиќ со 20 и Владан Ѓокиќ со 25. Присуството на одредено име во обложувачката понуда само по себе не потврдува официјална кандидатура за функцијата.

Обложување има и за одѕивот на гласачите: границата за излезноста е 64,5 отсто, со коефициент 1,95 за помала и 1,75 за поголема излезност.

Изборите во Србија се закажани за 25 октомври.

Можете да прочитате

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Уапсен претседателот на синдикатот на тајната служба

Кос: Соработката со Турција во транспортот и поврзаноста е важна за ЕУ, но постојат загрижености за демократските стандарди

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори