Утрински Весник
Свет

Зеленски го разреши шефот на обезбедувањето

Zelenski Volodimir Mia 2.jpg

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти Серхи Руд, шефот на Управата за државна безбедност (УДО), телото наводно одговорно за неуспешниот обид за атентат врз украинскиот лидер, јавуваат агенциите.

Зеленски донесе указ за разрешување на Руд, но не прецизираше кој ќе го замени на чело на УДО.

Во вторникот, Службата за безбедност на Украина (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (СБУ), кои, заедно со уште тројца обвинети, беа осомничени дека подготвувале обид за атентат на претседателот Володимир Зеленски, началникот на СБУ, Василиј Маљук, шеф на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов и други високи функционери по инструкции на руските специјални служби.

Како што беше соопштено, контраразузнавачите и истражителите на Службата за безбедност на Украина ги спречија плановите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за елиминирање на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други претставници на највисокото воено и политичко раководство на земјата.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена