Утрински Весник
Македонија

Возел со 185 км/ч таму каде што дозволената брзина е 100 – Црногорец уапсен на Табановце

849016300 1486790346299157 6415794929388192739 n.jpg

Црногорски државјанин на возраст од 34 години е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ регистрирал дека управувал автомобил со брзина од дури 185 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 100 километри на час.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера (14 октомври 2026 година), во 14:25 часот, полициски службеници на граничниот премин Табановце, на излез од државата, го привеле М.Н. (34) од Црна Гора, кој управувал патничко возило „БМВ“ со црногорски регистарски ознаки.


При проверката било утврдено дека возачот претходно бил евидентиран преку системот „Безбеден град“ поради сериозно пречекорување на дозволената брзина.

Имено, на автопатот Скопје – ГП Табановце, во близина на клучката Дељадровци, тој управувал со брзина од 185 километри на час, односно дури 85 километри на час над дозволеното ограничување.

Поради ваквото однесување во сообраќајот, полицијата го сомничи за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Возачот бил спроведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава

Можете да прочитате

ЛДП: Мегаскандалот Михаилова е доказ за ерозија на институциите и го дозакопува нашето европско досие

Не дарувал ни капка крв, а добил шест дена платено отсуство – полицаец заработи кривична пријава

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства