Утрински Весник
Свет

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот

20261013165006 big 730x400 5.webp.webp

Демонстранти низ Франција денеска повикаа на уште помасовни улични протести поради зголемените трошоци за живот, придружувајќи им се на средношколците кои изразија незадоволство од условите во образовниот систем по повеќе од три недели блокади на училиштата.

Активисти на социјалните мрежи повикуваат на оживување на движењето „Жолти елеци“, кое се појави во 2018 година како реакција на социјалната неправда.


Групи ученици, кои протестираат уште од средината на септември, ги повикаа поддржувачите да им се придружат.

CGT, еден од главните француски синдикати, исто така ги поддржа протестите, барајќи „повисоки плати и пензии, пониски цени и заштита на јавните услуги што ги задоволуваат потребите на луѓето“.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера повика на смиреност и почитување на луѓето и имотот.

– Постои уставно право на протест и на изразување, и јас секогаш сум се грижел ова право целосно да се почитува. Сепак, ова право носи и обврска за почитување – почитување на луѓето, почитување на имотот, а со тоа и обврска да не се предизвикува штета или уништување, изјави Макрон во Брисел.

Тој го оцени како „неприфатливо“ присуството на поединци кои се таму „исклучиво за да нанесат штета и да предизвикаат немири“.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека низ земјата денеска се очекуваат стотици протестни акции и повеќе од 80 маршеви, вклучувајќи спонтани собири, улични демонстрации и блокади.

Многу станици на метрото денеска се затворени на барање на полицијата, вклучително и оние околу „Шанзелизе“, како и оние во близина на претседателската палата, парламентот и владините институции.

Во протетстите во Франција во изминатите неколку недели, беа повредени стотици лица, голем број демонстранти беа приведени, а неколку училишта беа запалени.

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија