Утрински Весник
Македонија

Речиси 25 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип

Grip.webp.webp

Според информации од системот „Мој термин“, досега за вакцинација против сезонски грип, на линкот vakcinacija.mk се пријавиле речиси 25.000 граѓани.

Вакцинацијата се очекува да почне од 16 до 25 октомври. Првите 30.000 дози вакцини се од GCFLU Multi inj., производ на компанијата GC Biopharma Corporation.


Станува збор за тривалентната вакцина GC Biopharma – Influenza Vaccines за 2026 година, која е одобрена од Светската здравствена организација и ги исполнува строгите критериуми за квалитет, односно задолжително е обезбеден сертификат за квалитет, издаден од производителот и сертификат од референтна лабораторија за контрола на квалитетот од ОМЦЛ-мрежата (Official Medicines Control Laboratories) – наведуваат од Министерството.

Првата пратка вакцини се обезбедени преку заем во рамките на веќе утврдена меѓународна соработка од соседните држави, во конкретниот случај со УНИЦЕФ/Албанија.

Дваесет и шест илјади дози вакцини против грип се од компанијата „Санофи“ и тие ќе стигнат до 15 ноември. Разговорите за другите 24.000 дози вакцини се во тек. Приоритетните групи за вакцинација ќе ги утврди комисијата за имунизација, информираа од Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Клековски најави итни мерки за онколошките пациенти и долгорочен национален пристап кон контролата на ракот

На Блаце уапсен маж баран за тероризам – го чекаат две затворски казни од по осум години

Ферати-Ибрахим: Поголема соработка со невладините организации за инклузивно општество