Утрински Весник
Свет

Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко во ЕУ

Profimedia 0352781511.jpg
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Просечниот животен век во Шпанија е 84 години, поради што оваа медитеранска земја има најдолг животен век меѓу 27-те земји на Европската унија.

На второ место според очекуваниот животен век се Италијанците, каде луѓето живеат во просек 83,8 години, а на трето е Малта со очекуван животен век од 83,6 години, пренесува „Вијести“.

Screenshot

Просечниот животен век во Европската унија е 81,5 години.

Во долниот дел од табелата се Полска, Словачка, Литванија, Унгарија, Романија и Летонија, а последна е Бугарија, каде животот во просек трае 75,8 години.

Експертите сметаат дека долгиот живот на Шпанците се должи на медитеранската исхрана богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло.

Освен исхраната, има и други фактори како што се голем број сончеви денови, пријатна клима благодарение на која жителите поминуваат повеќе време на отворено занимавајќи се со физички активности.

„Во медитеранските земји, ние исто така го цениме социјалниот живот, па затоа излегуваме почесто отколку луѓето во нордиските земји, кои не надминуваат во однос на БДП по глава на жител“, вели Мануел Ангвита, претседател на Шпанското здружение на кардиолози.

Експертите сметаат дека тоа што пијат помалку жесток алкохол, имаат добар јавно здравствен систем, немале војни со децении и со своите политики успеваат да го намалат бројот на сообраќајни несреќи, исто така влијае на подолгиот животен век на Шпанците.

Можете да прочитате

Најавен штрајк на аеродромските работници во Париз

Папата за третманот на мигрантите во САД: Тоа е лудило

Турција: Хеликоптерот на Раиси немаше сигнален систем