Утрински Весник
Македонија

За време на овој викенд преубаво пролетно време – Само за скара во природа

Download 5 2.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

По денешното променливо време, со повремени локални врнежи, но и со нешто пониски температури за разлика од вчера, веќе утре, како и за време на викендот во Македонија ја очекуваме конечната стабилизација на времето.

Што значи дека утре, како и за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а не се исклучува можноста да има  и сосема мали исклучоси, со ретка појава на сосема краткотраен дожд и ретки грмежи (ништо сериозно).

Во Скопје  и околината очекуваме слично време. Претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, како и со слаб до умерен ветер од променлив  правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пораст, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а уште потопло ќе биде во недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени. Уживајте во пролетното топло и претежно стабилно и суво време за викендот кој доаѓа

Можете да прочитате

Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

Протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани