Утрински Весник
Македонија

Фрлал отпад во Пена, па заврши во полиција – уапсен тетовец

Img 8336.jpeg

Педесет и четиригодишен жител на Тетово е лишен од слобода откако бил фатен како фрла вреќи со отпад во реката Пена.

Од СВР Тетово информираат дека на 30 јуни околу 18 часот, на улицата „Љубо Божиновски Пиш“, полициски службеници го привеле Б.С. (54) од Тетово поради сомнение дека сторил кривично дело „загадување на животната средина и природата“, казниво по член 218 од Кривичниот законик.


Полициската акција следувала по објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки исфрла вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена, во близина на улицата „Видоје Смилевски-Бато“.

По преземените мерки и активности, полицијата го идентификувала и пронашла сторителот, кој во службен разговор го признал делото.

За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик