Утрински Весник
Македонија

Николовски: Заминува министерот што го урна македонското земјоделство

Nikolovski sobranie.jpg

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, оцени дека заминувањето на актуелниот министер за земјоделство претставува „победа за земјоделците“, обвинувајќи го дека за две години го довел македонското земјоделство до, како што рече, „работ на бездната“.

Николовски посочи дека министерот зад себе остава неисплатени субвенции, нефункционален систем за аплицирање, укинати програми, поништени повици за модернизација на земјоделството и ниски откупни цени.


„За некого прерано, за некого предоцна, заврши мандатот на човекот кој наместо да работи на подобрување на условите за работа и благосостојбата на земјоделецот, се занимаваше со партиски реваншизам, мобинг и елиминирање на сите чинители кои не беа покорни на неговите катастрофални политики“, истакна Николовски.

Тој нагласи дека, и покрај заминувањето на министерот, проблемите во земјоделскиот сектор остануваат и, според него, секојдневно се продлабочуваат.

Николовски најави дека СДСМ ќе продолжи со, како што рече, борбата за запирање на негативните трендови во аграрот преку ребалансот на Буџетот, кој наскоро ќе се најде пред пратениците.

Според него, пратеничката група на СДСМ подготвила неколку амандмани со кои ќе бара дополнителна финансиска поддршка за сточарите и млекопроизводителите, како и навремено обезбедување средства за државна интервенција за полјоделците кои се соочуваат со неизвесна жетва и ризик од ниски откупни цени на житариците.

Можете да прочитате

Мицкоски: По премиерскиот мандат се враќам на факултет, не во претседателската трка

Фрлал отпад во Пена, па заврши во полиција – уапсен тетовец

Д-р Лилјана Ристевска избрана за прва жена претседател на Црвениот крст на Македонија