Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

70cc0a67 Bdc9 4af9 8886 Bce6140d8021.jpg
300x250 (7)

Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе се откажеме од борбата. СДСМ сè уште е силна партија. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија”, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Сарај. 

Според него, изборите на 8 мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. Граѓаните треба да сфатат дека одлучуваме за иднината на државата и затоа треба да излезат и да гласаат, рече Ковачевски.

Img 5587

„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со сценарија кои сме ги гледале во минатото во нашата држава. Тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Тоа е сигурен пат кон изолација наредната декада или не дај Боже за цела една генерација. И овие тензии што сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато. Како што гледаме, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество.”

Ковачевски истакна дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина никогаш нема да се откажат од членството во ЕУ затоа што само така како држава ќе успееме да изградиме подобро образование, поквалитетно здравство, поефикасно владеење на правото, поцврста борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани.

Ss1

Можете да прочитате

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме галопирачката сиромаштија која е особено изразена кај ромската заедница

Заев: Македонски патриотизам е да си го чуваш и негуваш јазикот бидејќи тој е и нашата татковина

Забрчанец: 15 важни датуми од современата промоција и верификација на македонскиот јазик