За една година трошоците за живот се зголемиле за 200 евра, соопшти во својот извештај Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Разликата во повисоката цена на трошоци за живот е во направената синдикалната минимална кошничка која ја објавува ССМ. Од ССМ пресметале дека во април на едно четиричлено семејство му биле потребни нешто над 60.000 денари месечно за да ги задоволи основните потреби. Најголем дел од парите, односно 40 отсто семејствата ги трошат за храна и пијалоци. Со години структурата на семејниот буџет е иста, а најмалку пари се трошат за здравјето и култура. ССМ предупредува дека минималецот во овој период пораснал за 40 евра. Затоа на новата Влада и порачува дека прво нешто што треба да направат е да го зголеми минималецот на 450 евра. Од ССМ велат дека растот на минималецот ќе ги зголеми и останатите плати. Во моментов околу 80.000 работници живеат со минимална плата.