Утрински Весник
Економија

За една година трошоците за живот се зголемиле за 200 евра 

Img 2422.jpg

За една година трошоците за живот се зголемиле за 200 евра, соопшти во својот извештај Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Разликата во повисоката цена на трошоци за живот е во направената синдикалната минимална кошничка која ја објавува ССМ. Од ССМ пресметале дека во април на едно четиричлено семејство му биле потребни нешто над 60.000 денари месечно за да ги задоволи основните потреби. Најголем дел од парите, односно 40 отсто семејствата ги трошат за храна и пијалоци. Со години структурата на семејниот буџет е иста, а најмалку пари се трошат за здравјето и култура. ССМ предупредува дека минималецот во овој период пораснал за 40 евра. Затоа на новата Влада и порачува дека прво нешто што треба да направат е да го зголеми минималецот на 450 евра. Од ССМ велат дека растот на минималецот ќе ги зголеми и останатите плати. Во моментов околу 80.000  работници живеат со минимална плата. 

Можете да прочитате

Просечната плата надмина 41.000 денари

Синдикалната минимална кошница за јуни 60.325 денари, зголемена за 235 денари споредено со мај

Ангеловска-Бежоска: Извештајот на ММФ покажува висока транспарентност на Народната банка