Утрински Весник
Свет

Барнам за забраната за увоз од израелските населби: Велика Британија секогаш ќе биде на страната на послабиот

20260909165726 big 730x400 52.webp.webp

Премиерот на Велика Британија, Енди Барнам денеска пред парламентот ја бранеше владината одлука за забрана за увоз од израелските населби во окупираниот Западен Брег.

Тој истакна дека Велика Британија долго го поддржува решението две држави на Блиски Исток и оти зборовите треба да бидат следени од дела.


– Лидерство значи преземање чекори кога има неправда, кога мораме да ја исправиме неправдата, кога луѓето се протеруваат од нивните домови. Во овој тежок и опасен свет, Велика Британија мораше да заземе став, посочи Барнам.

Забраната за увоз вчера ја најави шефот на британската дипломатија Ед Милибанд, заедно со воведување санкции против фирми и поединците поврзани со населбите во Западен Брег.

Мерките се дел од заедничките напори со Франција и Канада за притисок врз Израел поради проширување на еврејските населби во Западен Брег.

Израел реагираше на преземените британски мерки со затворање на Конзулатот на Велика Британија во Источен Ерусалим и на 12 британски државјани им забрани влез во земјата.

– Секогаш ќе бидеме на страна на послабиот и ќе преземаме се што можеме за да ги поддржиме, наведе Барнам.

Можете да прочитате

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите