Утрински Весник
Македонија

Таксист во Скопје му побарал повеќе пари на Кинез, па му се заканил со остар предмет и го ограбил

Img 3672.jpeg

Министерството за внатрешни работи соопшти дека веднаш по пријавувањето е расчистено кривично дело „разбојништво“ во скопската општина Аеродром, а осомничениот е лишен од слобода.

Според информациите од МВР, на 8 септември 2026 година, во 01:50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К. (29) од Скопје.

Како што било пријавено, 29-годишникот претходно со своето приватно такси возило го превезол Ј.Т. (26), државјанин на Кина, до бараната дестинација.

По пристигнувањето, таксистот на патникот му побарал да плати поголема сума од реалната цена на превозот. Откако 26-годишникот не се согласил да ја плати побараната сума, според пријавата, А.К. му се заканил со остар предмет и му одзел пари.

Полицијата реагирала веднаш по пријавувањето и го привела осомничениот.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ќе поднесат кривична пријава против А.К. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Потпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во Загреб

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците

Ахмети го честита Денот на независноста: Да го зачуваме она што го изградивме заедно и да го придвижиме напред