Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа Влада

85791b79 73fd b3b1 65dc cb13a24bb681.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на доделени ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 семејства, изјави:

„Тоа е уште еден проект којшто го реализираше Владата, а тоа е во делот на донирање на инвертер клима уреди за 500 семејства коишто согласно својот социјален статус ги исполнуваат условите за да можат да ги кондиционираат своите домашни простории. Во случајов еве, бидејќи доаѓа грејната сезона да ги загреваат. И ова е дел од проектите и политиката на Владата да поддржува ваков тип на проекти. Тоа е исто така во насока на борбата со намалување на емисијата на штетни честички, односно загадувањето. Така што ние ќе продолжиме и понатаму овие проекти да ги спроведуваме.”


Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче продолжуваат со старата матрица, политика на страв и паника, банкарскиот сектор е стабилен 

ЛДП: Народна банка бара нов сопственик за Алта Банка, народот бара одговорност

Левица: АЛТА банка ги отвара и партиските досиеја: од Зечевиќ до баџанакот на Тошковски – кој ја надгледува банката, а кој го одобрил преземањето