Утрински Весник
Економија

СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, а да нема пари за 600 евра минимална плата

Denari2000.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Додека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, костуми од 5.000 евра македонските работници евдај врзвуваат крај со крај и не можат да го преживеат месецот.


Цените на храната и горивата се до плафон а минималната плата од околу 26.000 денари е недоволна за достоинствен живот.

Синдикална кошничка е 70.000 денари, месечните трошоците со кирија или станбен кредит надминуваат 90.000 денари.

Сегашната минимална плата покрива само 31% од основните месечни трошоци на едно семејство а речиси цела минимална плата, околу 25.000 денари, е потребна само за храна и безалкохолни пијалаци.

Кога на тоа ќе се додадат околу 7.000 денари за училишен прибор, 5.000 денари за превоз, 6.000 денари за облека и дополнителните трошоци за здравство, јасно е дека работничките семејства не можат да врзат крај со крај.

Затоа СДСМ по третпат го поднесе Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари.

600 евра е минимум потребна плата за македонските работници да можат да живеат од сопствениот труд.

Пари има, но власта ги троши за погрешни работи.

Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има 100 милиони евра за владин авион, мебел, службени автомобили и привилегии за функционерите, а да нема пари за работниците.

Власта нека скрати од сопствениот луксуз и нека ги насочи парите кон зголемување на платите и заштита на животниот стандард.

Минималната плата од 600 евра затоа што работниците заслужуваат достоинствен живот, а не секојдневна борба за преживување.

Можете да прочитате

Авиосообраќајот руши рекорди, бројот на туристи расте: Македонија го отвора патот кон нов економски циклус

Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа Влада

Критичните минерали се приоритет за Европа, а Македонија има потенцијал со само една активна инвестиција