Утрински Весник
Свет

Вучиќ за налогот на апсењето на Путин: Ние имаме попаметна работа, има стручњаци нека се пријават и помогнат

Вучиќ за налогот на апсењето на Путин: Ние имаме попаметна работа, има стручњаци нека се пријават и помогнат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговараше пред новинарите за тоа дали ќе го уапси рускиот претседател Владимир Путин, постапувајќи по налогот на Меѓународниот кривичен суд, со кој неговата држава има соработка и чие законодавство го прифаќа. Вучиќ смета дека одлуката за апсење на Путин ќе има лоши последици, ќе нанесе штета на луѓето и која потврдува дека има голема неспремност да се разговара за мир и примирје меѓу Русија и Украина.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на апсењето, немојте да се лутите, ама тоа е глупаво прашање, бидејќи вас ви е јасно дека додека трае војната, Путин нема како да дојде до Србија, а камо ли нешто друго. Што се однесува до апсењето, јас не сум апсел ниту лица под обвинение, а и ниту оние кои ги барал ад-хок трибуналот (Хашкиот суд), тоа не е Меѓународниот кривичен суд со кого имаме соработка. Има стручњаци, можат доброволно да се пријават, овие што Србите ги ставаа во вреќи и ги праќаа во САД. Можат да се пријават и да помогнат – не знам на кого. Јас и Србија имаме попаметна работа во овој момент“, рече Вучиќ.

Тој рече дека треба да има примирје, а не да се чека победа, по што ги праша новинарите: „Стварно мислите дека Русија ќе ја поразите за 3 или 6 месеци? Верувате во тоа?“.

„Несомнено дека целта на тие кои го направиле тоа е да му ја отежнат комуникацијата на претседателот на Русија, а секој кој разговара со него да има во глава дека зборува со лице обвинето за најтешки воени злосторства, додатно да ја отежни економската позиција на Русија од истите причини… И тоа би биле политички причини кои ги разбирам, но зачувувањето на животи е поважно“, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион