Утрински Весник
Македонија

СВР Охрид: Внимавајте, стигаат лажни СМС за „Безбеден град“

Sistemot bezbeden grad .png

СВР Охрид ја известува јавноста дека во изминатиот период повторно зачестија пријави од граѓани за различни видови интернет и компјутерски измами, како и измами за сторени сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град”.

Според пријавите од оштетени граѓани, тие добиваат смс и други електронски пораки од странски телефонски броеви и линкови од лажно дизајнирани веб страници, од разни телефонски и интернет апликации и социјални мрежи за комуникација во кои ги наведуваат на разни инвестициски влогови и инвестициско тргување, ги поттикнуваат да внесат лични и банкарски податоци, ветувајќи им голема заработувачка и материјална корист. Во пораките за сторен сообраќаен прекршок, на оштетените граѓани им се испраќаат линкови каде за сторениот прекршок, треба да уплатат одредена сума пари.


„Апелираме до граѓаните на посебна внимателност при добивање на вакви пораки, да не ги отвораат понудените линкови, да не внесуваат никакви податоци и да не вршат уплати, а секој ваков случај да го пријавуваат во најблиската полициска станица.

Потсетуваме дека официјалните смс известувања за сторен сообраќаен прекршок од системот „Безбеден град” се испраќаат од испраќачот „MVR SC” и содржи комплетни податоци и фотографии за возилото со кое е сторен прекршокот и линк до официјалната веб страна со домен“ велат од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Левица: Уште еден поранешен функционер под истрага надвор од границите на Македонија – Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот” на ДПМНЕ

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице