Утрински Весник
Свет

Украина и Русија договараат размена на најмалку илјада воени заробеници

Rusija ukraina.webp.webp

Народните правобранители на Русија и на Украина, Дмитро Лубинец и Јана Лантратова, разговарале за подготовки и начинот на спроведување на најавената голема размена на воени заробеници меѓу двете земји.

Според објавата на Лубинец на платформата Телеграм, Лантратова потврдила дека во размената ќе бидат опфатени најмалку илјада лица.


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно неделава изјави дека Киев и Москва разговараат за размена на воени заробеници, што би можела да опфати од илјада до 1.500 лица.

„Откако се појавија информациите за можноста за размена, веднаш стапив во контакт со Јана Лантратова за да разговараме како да продолжиме. Таа потврди дека се планира размена на најмалку илјада лица. Сепак, треба да продолжиме со напорите за да биде опфатен што е можно поголем број луѓе“, наведе Лубинец. 

Можете да прочитате

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин

Нови масовни протести во Франција