Утрински Весник
Македонија

Времето денеска променливо облачно, попладне појава на пороен дожд и грмежи

Времето денеска променливо облачно, попладне појава на пороен дожд и грмежи

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степен.

До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно јужен ветер. Особено топло ќе биде во петок и во сабота. Во недела ќе настапи поголема промена кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана