
На 13.11.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, А.Р.(38) од Скопје пријавила дека на 12.11.2026 околу 18:00 часот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар се оддалечила нејзината 12-годишна ќерка. Подоцна, таа пријавила дека ќерка и се вратила на 13.11.2026 во 07:40 часот во домот.
Според пријавеното, нејзината малолетна ќерка и нејзина малолетна другарка се сретнале со неколку малолетници во парк Сарај, а потоа против своја волја била заклучена во патничко возило од еден малолетник, кој заедно со неа и нејзината другарка останал во возилото до следното утро. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


