Утрински Весник
Македонија

Чилиманов: Себеси може да се лажете, народот не! Собраниската архива сведочи!

Ilija chilimanov io na ldp 2.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

„Почитувани дами и господа од власта, себеси може да се лажете, но народот не можете! На 1 април 2025 година ЛДП првпат го поднесе Предлог-законот за воведување електронски нараквици за следење на сторителите на семејно насилство. Предлогот беше одбиен! А потоа следуваа трагедии. Зад секој датум стои човечки живот”, вели Илија Чилиманов, истакнат правник и член на ИО на ЛДП.


– 3 МАЈ 2025 – РАМАЈАНА АСАН. Само 32 дена по првото одбивање на предлогот на ЛДП.

– 15 СЕПТЕМВРИ 2025 – РОСИЦА КОЦЕВА. 167 дена, односно 5 месеци и 14 дена по одбивањето.

– 2 МАРТ 2026 – ИВАНА И КАТЈА. 335 дена по првото одбивање.

– НОЕМВРИ 2026 – БИЛЈАНА КИРИЌ. 581 ден по првото одбивање, сметано до 3 ноември.

Ова не се само имиња и бројки, додава Чилиманов, ова се човечки животи!

„Ова се трагедии што отвораат страшни прашања за пропустите на системот и за тоа колку жени можеле да добијат дополнителна заштита доколку институциите реагирале навреме”, посочува Чилиманов.

На 5 март 2026 година ЛДП повторно го поднесе Предлог-законот, а на 18 март тој повторно беше одбиен во Собранието!

Во меѓувреме, во собраниската документација се појавува предлог поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на 26 август 2026 година. Но, предлог поднесен од пратеници не е исто што и предлог поднесен од МВР!

„Согласно член 72 од Деловникот на Собранието, материјалите доставени во првите пет работни дена се разгледуваат во тековниот месец. Предлогот од 26 август бил доставен по тој рок, што го отвора прашањето зошто не бил ставен на разгледување во септември. Билјана беше убиена во ноември. ШТО ЧЕКАВТЕ?! И сега се обидувате да ја убедите јавноста дека вие први сте го предложиле решението? Собраниската архива има датуми, документи и предлагачи. Со политички изјави не можете да ја избришете хронологијата”, вели Чилиманов во својата изјава.

Решението што го предлага ЛДП е јасно, конкретно и применливо – предлагаме 24-ЧАСОВЕН ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ НА НАСИЛНИЦИТЕ, со следење на нивното движење, автоматски аларм при прекршување на забраната за приближување од 100 метри до жртвата и известување на надлежните институции, вклучително и МВР, кои треба веднаш да постапат.

„Во случаи со висок ризик, електронската нараквица треба да биде задолжителна. Жртвата, доколку сака, ќе добие посебен уред за предупредување. Системот ќе алармира и при обид за отстранување на нараквицата или губење на сигналот. Значи, не предлагаме само нараквица! Предлагаме систем за непрекинато следење, предупредување и институционална реакција, со една единствена цел – ДА СЕ ЗАШТИТИ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ”, нагласува Чилиманов.

Ниту една мерка не може да гарантира стопроцентна заштита, но тоа не е оправдување државата да не ги воведе механизмите што можат да спречат насилство. Росица, Рамајана, Ивана, Катја и Билјана не смеат да бидат заборавени!

„Совеста не се пере со прес-конференции, ниту институционалните пропусти се бришат со политички оправдувања. Јавноста заслужува вистина. Жртвите заслужуваат правда. Одговорните за докажаните пропусти мора да понесат одговорност! БАРАМЕ ОДГОВОРИ, ОДГОВОРНОСТ и итно усвојување на законот”, заклучува Илија Чилиманов во своето обраќање.

Можете да прочитате

Ужас во Сарај: Малолетник цела ноќ држел две малолетнички заклучени во автомобил

Левица: Уште еден поранешен функционер под истрага надвор од границите на Македонија – Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот” на ДПМНЕ

СВР Охрид: Внимавајте, стигаат лажни СМС за „Безбеден град“