Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Пораката од САД и од членките на НАТО и ЕУ е јасна, сите партии да го поддржат европскиот пат на државата

(Видео) Ковачевски: Пораката од САД и од членките на НАТО и ЕУ е јасна, сите партии да го поддржат европскиот пат на државата
Ss2

„Пораката од нашиот стратешки партнер САД е многу јасна и од заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар, меѓутоа исто така многу прецизна изјава даде и државниот секретар Блинкен, како и денес на заедничката прес-конференција сенаторот Крис Марфи – сите политички партии во државата треба да го поддржат европскиот пат на државата, која после членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ“, посочи премиерот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања.

dobivaj vesti na viber

„И ако нашиот партнер САД, одлучиле да го соопштат вака јавно повикот за натамошен напредок на нашата држава, како што во сите 30 години од независноста на државата стојат позади нас како народ и како држава, тогаш навистина треба да се сфати добронамерноста на САД и на другите држави членки на НАТО и ЕУ, коишто се наши партнерски држави и сите да ја донесеме заедно одлуката, којашто нè носи во полноправно членство во ЕУ и реформите коишто по тој пат, ќе ги правиме за унапредување на нашето општество“, рече Ковачевски.

Ss1

Констатираше дека младите нема да мора да одат во други држави за да живеат во ЕУ, како што тоа го прават во изминатите три декади.

Премиерот нагласи дека „очите и на европската јавност и на нашите партнери од НАТО се повторно вперени тука кај нас, затоа што во нас се гледа и фактор на стабилноста и фактор на безбедноста во регионот и во Европа“.

„И не можам да замислам колку некој може и треба да биде неодговорен, во овој ризичен геополитички контекст на случувања, по војната во Украина, за да ја остави на лизгав терен и својата земја и регионот и Европа“, предочи Ковачевски.

„Сакам да ве уверам вас, како и што ме уверија и мене во САД, дека за уставните измени, внесувањето во нашата преамбула – други делови од народи кои изразиле желба за такво нешто, со оглед на тоа што ние веќе во нашата преамбула имаме делови од други народи – дека за тоа имаме силна поддршка од сите наши стратешки партнери, со цел да донесеме одлука којашто ќе биде за нас добра, односно за просперитетот, иднината на државата и на генерации млади кои тука живеат“, додаде Ковачевски.

„Од друга страна, доколку ние не продолжиме по европскиот пат, доколку не ги направиме следните чекори, евроинтеграциите ќе бидат доведени до ризик, ќе се најдеме во состојба на стагнација, како онаа што ја имавме цели десет години од 2006 до 2016 година.

Но, тоа, како што реков, не смееме да го дозволиме. Северна Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ. И тоа ќе го направиме до 2030 година“, дополни Ковачевски.

Ss1

Можете да прочитате

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете