Утрински Весник
Свет

Украина тврди дека погодила четири руски центри за управување со дронови

Ukraina vojnik 1.jpg

Украинската војска нападна четири центри за управување со дронови во Русија и во окупираните области од страна на Русија во источна Украина, соопшти денеска Генералштабот.

Командниот центар во Бердјанск, во јужниот дел на украинската Запорошка област, беше опишан како „највредна мета“. Локацијата ја користи „Рубикон“, елитна руска единица, за извршување напади со дронови врз цивилното население во близина на линијата на фронтот, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук.


Центар за управување во близина на Олешки – град на линијата на фронтот под руска окупација, кој неодамна се најде на насловните страници кога Украина и Русија се договорија за голема хуманитарна евакуација за да им се овозможи на жителите да заминат – како и објект во Доњецката област се исто така погодени, соопшти војската.

На руска територија, украинските сили погодија центар за управување со дронови во Брјанската област, според соопштението во кое не беа дадени дополнителни информации за точниот обем на штетата.

Тврдењата на војската не можеа да бидат независно потврдени, а Русија досега се нема огласено со коментар, пренесе ДПА.

И Русија и Украина користат дронови со поглед од прво лице (First Person View – FPV), со кои може да се управува од далечина со помош на камери. Нивниот дострел е ограничен, а радиосигналите можат да се следат.

Можете да прочитате

Најмалку четири лица загинаа во железничката несреќа во Египет

Ајзенкот доби мандат за формирање нова израелска влада

Европјаните ќе се приклучат на преговорите за Украина во Абу Даби