Утрински Весник
Свет

Вашингтон Пост: Маск без успех апелирал до Трамп да се откаже од воведувањето нови царини

20250408092415 big 730x400 30.webp.webp

Американскиот милијардер Илон Маск изминатиот викенд апелирал до американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече одлуката за воведување нови царини, јави денеска Вашингтон пост.

Апелот на Маск, не бил успешен, а тој разговор меѓу Маск и Трамп бил најголемото недоразбирање досега меѓу претседателот и важниот соработник во американската администрација.


Ниту Белата куќа, ниту Маск засега не ги коментираа наводите на весникот.

Маск, советникот на Трамп задолжен за Одделот за владина ефикасност, кој има за цел да ги намали владините трошоци, повика на воспоставување нула царини меѓу САД и Европа. 

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство