Утрински Весник
Свет

Единаесет дена по разорниот земјотрес во Мјанмар, земјата не се смирува: регистрирани 98 последователни потреси

Screenshot 2025 04 08 083143.jpg

Во текот на 11-те дена од 28 март, кога Мјанмар беше погоден од катастрофален земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер, земјата ја потресоа 98 последователни потреси, соопштија денеска властите.

Според метеоролошката и хидролошката служба на Мјанмар, новите земјотреси биле со јачина од 2,8 до 7,5 степени, објави новинската агенција Ксинхуа.


Бројот на жртвите од првичниот земјотрес се искачи на 3.600, 5.017 лица се повредени, а 160 се уште се водат како исчезнати, соопшти информативниот тим на Управниот совет на Мјанмар.

Можете да прочитате

Поради топлотен бран затворени училишта низ Европа – температурите одат до 46°

Во Турција повеќе од 50.000 луѓе евакуирани поради шумски пожари

Силен земјотрес во Неапол – 24info.mk