Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати

A4b0e042 70ba c994 f55d e0cb1bce4ed6.jpg

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој деновите е во Њујорк оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. 

На средбата присуствува и Брендан Харнахан, Помошник Државен секретар за Европа и Даниел Лотон, Заменик Помошник државен секретар за Европа.


„Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави.

Во време на сериозни геополитички предизвици и промени во меѓународните односи, за нас е од исклучително значење да има силни, стабилни и принципиелни односи со своите стратешки партнери. 

Соединетите Американски Држави се наш долгогодишен стратешки партнер и сојузник, а директната комуникација на високо политичко ниво е важен дел од натамошното зајакнување на тие односи.

Се разговараше за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, за економскиот развој и инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот, како и за улогата на земјава како сојузник во НАТО и партнер кој придонесува за регионалната стабилност.

Македонија денес настапува со јасно дефинирани државни интереси и со определба тие интереси достоинствено и аргументирано да ги застапува пред своите партнери. Градиме односи засновани на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка која треба да носи резултати за граѓаните и за државата.

Особено значајно е што имаме директен и отворен дијалог со американската администрација. 

Ваквите средби се можност нашите позиции да бидат јасно претставени и македонските интереси да бидат слушнати таму каде што се разговара за важни регионални и глобални прашања.

Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси. 

Пријателствата не се градат со зборови, туку со доверба. Партнерствата не се мерат со протокол, туку со дела. А почитта кон една држава се гради со јасни позиции, достоинство и кредибилитет.

Токму таква држава градиме. 

Исправена, со јасен став и сигурна иднина“, вели премиерот Христијан Мицкоски од Њујорк. 

Можете да прочитате

Андоновски: Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина

Клековски: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција