Утрински Весник
Македонија

Гранка од топола усмрти 77 годишен радовишанец

Seca.webp.webp

На 24.09.2026 во 12:30 часот во село Ораовица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Б.(73) од Радовиш.

Според пријавеното, тој околу 10:30 часот на нива во атар на село Ораовица со моторна пила сечел топола, а откако паднала, гранка од неа го погодила Н.Т.(77) од Радовиш, кој заедно со Т.Б. отишол на нивата.


Од здобиените повреди Н.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Радовиш.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица – ОВР Радовиш.

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт