Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд го укина ДУП-от за „Пуцко петрол“ во Карпош

Уставниот суд го укина ДУП-от за „Пуцко петрол“ во Карпош

Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за бензинската пумпа на „Пуцко-петрол“ во Општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од утврдената фактичка состојба и обемната документација која се анализираше, Судот утврди дека ДУП-от е неусогласен со ГУП-от бидејќи се предвидува изградба на бензинска пумпа која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти, образложи Уставниот суд во одлуката.

Поконкретно просторот каде се планира изградбата на бензинска пума е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура.

Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП, не е во согласност со ГУП.

Уставниот суд расправаше и ја укина оваа Одлука за носење на ДУП во општина Карпош по поднесена иницијатива од Наташа Шурбановска на 3 април 2022 година.

 

Можете да прочитате

За 24 часа уапсени 11 возачи низ Македонија

Две жени тешко повредени откако со автомобил излезале од патот кај Ресен

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка