Утрински Весник
Балкан

Загина пилот при пад на воен „МиГ-29“ во Србија, формирани комисии за истрага

Screenshot 2026 11 17 112228.png

Пилотот мајор Горан Булајиќ загина утрово при пад на авион „МиГ-29“ на Војската на Србија во околината на Стара Пазова, соопшти српското Министерство за одбрана.

Несреќата се случила околу 8:45 часот. Авионот бил во состав на 204. воздухопловна бригада, стационирана на воениот аеродром во Батајница. Според првичните информации, леталото паднало на нива меѓу Нова и Стара Пазова. N1 info


На местото излегла воената полиција, а за настанот е известен надлежниот обвинител.

Министерството информира дека се формирани две комисии. Едната ќе ги испитува околностите на несреќата и евентуалната одговорност во воената организација, додека стручна комисија на военото воздухопловство треба да ги утврди причините за падот.

Мајор Булајиќ бил роден во Белград во 1973 година, а во воена служба бил од 1996 година. Зад себе оставил две деца.

Претставници на Министерството за одбрана и Генералштабот упатиле сочувство до неговото семејство. Причината за несреќата засега не е соопштен

Можете да прочитате

Лидија Вукиќевиќ полеана со јогурт пред конститутивната седница на српскиот парламент

(Фото) Се урна српски воен авион

Бугарија спаси 12 членови на екипажот од бродот што се преврте и потона во Црното Море