Утрински Весник
Македонија

СВР Битола со апел: Внимавајте на пријави за лажни сообраќајки

Policija Stanica Bitola.jpg

Секторот за внатрешни работи Битола со јавен апел, предупредува граѓаните да бидат внимателни во врска со кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни несреќи.

Од СВР Битола посочуваат дека посебно внимателни треба да бидат повозрасните и да не наседнуваат на измами кои сторителите го прават по пат на телефонска комуникација.

Измамниците ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, доктори и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици или во која истите биле тешко повредени па треба да се даде одредена сума на пари за да се изврши операција. За да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

СВР Битола ги известува граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Можете да прочитате

Тешко повреден 16-годишник во навивачкото насилство пред „Јане Сандански“, кривична пријава против едно лице

Петровска до Славески: Вашата плата ќе легне цела, а граѓаните ќе си ги земаат сопствените пари на рати!

Од Алта банка повлечени два милиони евра, користењето картички ограничено на 10.000 денари неделно