Утрински Весник
Балкан

По година и пол, граѓаните влегоа во Пионерскиот парк

Img 6687.jpeg

Граѓани вечерва влегоа во Пионерскиот парк во центарот на Белград и ги уништија шаторите во кампот познат како „Ќациленд“. Настаните се случуваат во текот на славењето на победата на Студентската листа на парламентарните избори.

„Пионерскиот парк е ослободен“, порачаа дел од присутните, кои по година и пол повторно влегоа во оградениот простор.


Младите собрани во паркот го опишаа кампот како симбол на одземањето на јавниот простор и порачаа дека паркот повторно треба да им припаѓа на сите граѓани.

Полицијата, која во текот на целиот ден била присутна на оваа локација, се тргнала. Весникот наведува дека во кампот претходно имало голем број мажи облечени во црно, но дека вечерва тие повеќе не биле таму.

Влегувањето во Пионерскиот парк беше проследено со пораки од граѓаните дека „Србија прогледала“, додека на улиците се славеше изборниот исход.

Можете да прочитате

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

Вучиќ призна пораз, граѓаните слават – ви звучи познато? – Петер Маѓар се огласи по победата на студентите

Вучиќ призна пораз: Студентската листа победи на изборите во Србија