Утрински Весник
Македонија

Петровска до Славески: Вашата плата ќе легне цела, а граѓаните ќе си ги земаат сопствените пари на рати!

489822985 1481439763178831 8793859527729408504 n.jpg

Пратеничката Славјанка Петровска побара личен отчет од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, по ограничувањето на користењето средства од сметките на граѓаните во Алта банка. Таа порача дека, доколку потфрлил во заштитата на граѓаните, треба да поднесе оставка.

„Славески, Вашата плата ќе легне цела. Граѓаните од Алта банка ќе си ги земаат сопствените пари на рати, по 10.000 денари неделно!“, напиша Петровска во објавата на социјалните мрежи.


Таа прашува како засегнатите граѓани со ваквото ограничување ќе плаќаат лекување, кирија, сметки и храна за своите деца.

„Кој трошок да го одложат додека Вие ја ‘следите состојбата’?“, прашува Петровска.

Според неа, клиентите не направиле ништо погрешно — работеле, штеделе и ѝ верувале на банка со дозвола за работа, очекувајќи институциите навреме да ги проверуваат ризиците.

Петровска побара Славески да објасни какви проверки претходеле на одобрувањето на преземањето на банката, што покажувал надзорот и како се стигнало до ограничување на пристапот до парите.

„Ако сте потфрлиле, поднесете оставка. Вашата функција носи одговорност и кога треба да се заштитат граѓаните“, порача таа.

Пратеничката побара и јасен одговор до кога ќе трае ограничувањето и како на клиентите ќе им биде овозможено да ги покриваат неодложните трошоци. Најави дека одговори ќе бара и во Собранието.

„Вашите заштеди се години работа и откажување. Не сте должни да плаќате за туѓи пропусти“, им порача Петровска на засегнатите граѓани.

Народната банка, пак, соопшти дека воведената администрација е привремена мерка за заштита на имотот на банката и интересите на штедачите. Неделниот лимит од 10.000 денари се однесува на одливот од сметките на физичките лица преку картичките, додека интерните плаќања меѓу сметки во банката остануваат без ограничување. Од централната банка наведуваат дека Алта банка Битола е ликвидна и високо капитализирана.

Можете да прочитате

Лажно соопштение дека Студентски отпор го прифатил владиниот модел за студентски оброк

ОЈО: Мажот во Хром бил задушен со перница, жената во Ѓорче Петров починала од ударите

Четворица приведени по натпреварот Шкендија Арачиново – Тиквеш, кај еден пронајдена марихуана