Утрински Весник
Македонија

Стеваноска го напушта ЗНАМ и остана без советник во општина Прилеп

555381912 2405395993191368 8176524238467115452 n.jpg

Советничката на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп, Мирјана Стеваноска, јавно соопшти дека го напушта владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и дека во иднина ќе настапува како независна советничка.

Одлуката ја објави од советничката говорница, нагласувајќи дека во работата на Советот сè помалку има суштинска дебата, а сè повеќе формално потврдување на однапред договорени политички интереси.


Стеваноска истакна дека одлуката ја донела самостојно и без притисоци или влијанија од други политички структури.

„Советникот не треба да биде декор во политички театар, туку активен, принципиелен и гласен претставник на граѓаните“, посочи таа во своето обраќање.

Според неа, во последниот период личните и теснопартиските интереси сè почесто се ставаат пред интересите на Прилеп и прилепчани, поради што не сака повеќе да биде дел од таков начин на функционирање.

Таа најави дека нема да поднесе оставка од советничката функција и дека ќе продолжи да делува како независна советничка во локалниот совет.

Советот на Општина Прилеп брои вкупно 27 советници. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 17 советници, коалицијата предводена од СДСМ шест, Левица три, додека ЗНАМ досега имаше еден советник.

Можете да прочитате

Антонио Јолевски назначен на местото на осомничениот обвинител Пецо Везировски

Започнува вакцинацијата против сезонски грип, еве како да се пријавите

Одбраната на Груби се оградува од синоќешниот дочек во Чаир