Утрински Весник
Македонија

Кривична за делчевка, подигала пари од сметката на починатиот сопруг

Policija.webp.webp

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. На 23.12.2025, искористувајќи ги податоците и полномошното на покојниот сопруг, пријавената со дебитна картичка подигнала готовина од банкомат, извршила други плаќања, а на 24.12.2025 ги довела во заблуда вработените во банката, без да каже дека нејзиниот сопруг е починат, го искористила полномошното и на шалтер од банката подигнала пари.   

Можете да прочитате

Голема сајбер-операција на МВР и ФБИ: Разоткриен 20-годишник кој администрирал криминална интернет-платформа

Антонио Јолевски назначен на местото на осомничениот обвинител Пецо Везировски

Започнува вакцинацијата против сезонски грип, еве како да се пријавите