Утрински Весник
Скопје

Наместо бесплатен паркинг, ПОЦ ги покачи цените во Центар!

Parking poc.jpg

ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) воведе нови, повисоки цени за дел од услугите за паркирање во Општина Центар. Одлуката беше изгласана на последната седница на Советот на Општина Центар, а граѓаните отсега ќе плаќаат повеќе за месечни билети, дневни карти, бизнис-паркинг и услугите на „пајак“ службата.

Најголем револт кај граѓаните предизвика поскапувањето на дозволите за станарите, особено во период кога жителите очекуваа повеќе бесплатни или поволни паркинг места, а не нов удар по домашниот буџет.


Според новите цени, станарите за второ возило наместо досегашните 250 денари, ќе плаќаат 500 денари месечно, додека за трето возило цената се зголемува од 1.200 на 1.500 денари.

Поскапувања има и кај зонското комерцијално паркирање. Дневните карти во зоните 1 и 2 поскапуваат од 300 на 400 денари, додека дневните припејд карти достигнуваат 1.000 денари во Зона 1 и 900 денари во Зона 2.

Месечната мобилна бизнис-карта за правни лица се зголемува од 2.000 на 2.500 денари, а вработените во фирмите во Центар наместо 2.000 ќе плаќаат 3.000 денари за месечен билет.

Повисока цена ќе има и за службените возила на затворените паркиралишта, каде месечната карта отсега ќе чини 4.000 денари.

Поскапува и „пајак“ службата. За подигнување на непрописно паркирано возило, граѓаните наместо 3.500 денари ќе плаќаат 4.000 денари.

Можете да прочитате

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје

Меџити: Јавниот простор им го враќаме на граѓаните

Општина Аеродром и оваа година активно се приклучи кон „Генералка викенд 2026“