Утрински Весник
Македонија

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник, имал пристап и помагал при водењето на е-дневникот

Skolo 620x330 1.png

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”.

Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му креирала официјална електронска адреса од Министерството за образование, му ги доделила лозинките од е-дневник како администратор од нејзината корисничка сметка, му соопштила да ги координира сите наставници.


На тој начин пријавениот имал пристап до сите податоци од сите професори на ниво на државата, ги координирал и им помагал при водењето на електронскиот дневник.

Во периодот од 2022 до ноември 2025 година, до моментот кога поранешната в.д. директорка го информирала пријавениот дека одредена професорка ѝ пријавила дека некој ги брише податоците од електронскиот дневник во училиштето, пријавениот ги избришал сите профили и акаунти од лажниот профил од социјалните мрежи, а исто така подоцна избришан бил и профилот oд службениот меил од МОН.

Можете да прочитате

Пријавени пет случаи на семејно насилство во последното деноноќие

Прилепчанец по сторена сообраќајка, нападнал полицаец и се обидел да му го земе пиштолот

Пензионери пукале во дрвена мета на кејот на Брегалница, се спремале за натпревар