Утрински Весник
Македонија

Актерот Јолевски, историчарот Стојков и археологот Лилчиќ-Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“

Gorgi jolevski.webp.webp

Актерот Ѓорѓи Јолевски ќе ја добие наградата „23 Октомври“ за 2026, за остварување во областа на културата и уметноста.  Оваа државна награда годинава им се доделува и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс  за остварување во областа на науката.

Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.


Одлуката за добитницита во 2026  ја донесе Одбор за доделување на наградата, под претседателство на проф. д-р Митко Панов.

Наградата на лауреатите ќе им биде врачена на 23 октомври во 11 часот, во Собранието на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто

ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ ја претвори државата во криминално „реалити шоу” – затворска казна за прес конференции со лични здравствени документи

Минчев: Помалку процедури, повеќе резултати – администрација во служба на граѓаните