Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Поддршка од 25,5 милиони денари за Научниот институт за тутун – Прилеп за современи оранжерии за расад на тутун

Image 3.png

„Поддршка од 25.500.000 денари за набавка и инсталирање на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии во контролирани услови на површина до 0,6 ха за Научниот институт за тутун – Прилеп.

Се очекува производство на расад за садење на 12 хектари тутун, наменет за производство на сертифициран семенски материјал. Со добивање на квалитетен семенски материјал се инвестира во квалитетно производство на тутун.


Во рамки на посетата, ги посетивме лабораториите на Институтот во кои се врши анализа на почва и производи од тутун.

Продолжуваме со инвестиции во науката и во развојот на домашното земјоделско производство“, информира преку објава на социјалните медиуми министерот Цветан Трипуновски.

Можете да прочитате

Пат што поврзува региони и пазари: Економските придобивки од Коридорот 8

Димитриеска-Кочоска: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата

Славески на средба со високи претставници од Светската банка