Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа протоколарна средба помеѓу министерот Оливер Спасовски и новоназначениот амбасадор на Република Словениј, Грегор Пескор.
На средбата министерот Спасовски изрази благодарност за поддршката од страна на Република Словенија за процесите за почнување преговори со ЕУ, како и добрите пријателски односи помеѓу двете земји и одличната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете пријателски земји, што резултира со многу заеднички проекти, ангажмани и разни видови соработка. Дополнителна потврда на досегашната одлична соработка е и претстојната посета на Спасовски на словенечкото Министерството за внатрешни работи, на која е предвидено да се потпише меморандум за соработка во обезбедување развојна помош.
Амбасадорот Пескор рече дека за поздравување е континуираното подобрување на условите во кои работи македонската полиција од страна на раководството на МВР како во однос на материјално-техничките средства така и во поглед на зголемување на платите за вработените како стимул за подобри резултати. Истовремено, од двете страни беше истакната и бескомпромисната борба на полицијата во однос на справувањето со сите видови криминал со тенденција за продолжување и продлабочување на соработката и на оперативен план помеѓу нашите две министерства.