Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме

285f4ac7 bcfd 71cb 849f 9e07a1e78729.jpg

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарско прашање дали ќе има предвремени избори, Мицкоски напомена дека оваа Влада ја доби довербата од народот за да ја води државата четири години.


– Оваа Влада ја доби довербата од граѓаните да го води мандатот четири години. Имаме редовни избори во април 2028 година, но ако опозицијата поднесе барање во Парламанетот за предвремени избори, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, потенцира Мицкоски по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите и тоа да биде законски регулирано

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија