Утрински Весник
Скопје

Меџити: Продолжуваме со подобрување на инфраструктурата во Саат Кула, се асфалтира улицата „Ремзи Хоџа”

Img 7275.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес беше во населбата Саат Кула, каде одблиску го проследи асфалтирањето на дел од улицата „Ремзи Хоџа”, на површина од 850 м².

Асфалтирањето е продолжение на активностите за подобрување на инфраструктурата во овој дел од Чаир. Сите објекти веќе се приклучени на новиот водоводен систем, а паралелно се врши и исклучување на старата водоводна мрежа.


„Денес асфалтираме дел од 850 м² на улицата ‘Ремзи Хоџа’, откако претходно сите објекти ги приклучивме на новиот водоводен систем. По завршувањето на овие работи, продолжуваме со асфалтирање и уредување на другите улици во населбата. Денес ‘Ремзи Хоџа’, утре другите улици, низ целиот Чаир”, изјави Меџити.

Работите ќе продолжат и на другите улици во Саат Кула, со цел подобрување на инфраструктурата и условите за жителите на оваа населба.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – за првпат, бесплатни униформи за сите ученици од прва година 

Албанска лига до градоначалникот на Бутел: Никој не се плаши од тебе

Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило,  крај на дупките, поголема безбедност за жителите