Утрински Весник
Балкан

СПАК: Во Косово се купуваат експлозиви за платени убиства, албански групи во странство нарачуваат пиштоли

K 1.webp.webp
Ss2

– Албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, што се однесува до шверцот со оружје, во последниот извештај наведува дека постои растечки тренд на криминални групи кои нарачуваат огнено оружје во странство, главно од типот „пиштол“ и обезбедување експлозивни средства во Косово.

– Трговијата со оружје е уште една криминална активност, која главно ги придружува групите вклучени во трговија со дрога и кои се карактеризираат со висока употреба на насилство, стои во извештајот, јави Ора њуз.

300x250 (7)

Се додава дека употребата на експлозиви продолжува да биде едно од средствата што се користат за нарачани убиства.

– Во последно време се забележува растечки тренд на криминални групи кои во странство нарачуваат огнено оружје од типот „пиштол“. Се забележува и тенденција на раст на купување експлозиви во Косово, се наведува во извештајот на СПАК.

Ss1

Можете да прочитате

Во Ниш акција за уништување на воздушна бомба, евакуирани 1.300 луѓе

Бугарија заплени хероин вреден 9 милиони евра сокриен во душеци за спиење

(Видео) Хаос во Белград – Масовна крвава тепачка меѓу Делии и Гробари