Утрински Весник
Балкан

Самит ЕУ- Западен Балкан на 25 ноември во Брисел

Zapaden balkan1.webp.webp

Лидерите на Европската Унија и Западен Балкан ќе се состанат во Брисел на 25 ноември, соопшти денеска Европскиот совет  нагласувајќи дека самитот ќе биде можност да се потврди важноста на партнерството ЕУ и регионот.

На состанокот, ЕУ ќе ја претставуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кои повторија дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија.


„Нивниот пристап е наш приоритет, наша заедничка амбиција и клучна геополитичка инвестиција во овие турбулентни времиња. ЕУ е и ќе остане најсигурен партнер на овој регион“, рече Кошта.

Во соопштението на Европскиот совет се вели дека самитот ќе биде можност да се потврди посветеноста на европската перспектива на Западен Балкан, но и да се охрабрат партнерите од регионот да ги забрзаат реформите и да ги исполнат обврските потребни за напредок во процесот на пристапување.

Лидерите ќе го разгледаат досегашниот напредок во постепената интеграција на Западен Балкан во ЕУ, особено преку спроведувањето на Планот за раст на Западен Балкан. Се очекува тие да разговараат и за можностите за понатамошно подобрување на тој процес, како и за заедничките предизвици и начини за зајакнување на безбедноста и отпорноста на регионот во сè посложена геополитичка средина.

Претходниот самит ЕУ-Западен Балкан се одржа на 5 јуни оваа година во Тиват. 

Можете да прочитате

Турција е биде домаќин на регионална средба за конфликтите на Блискиот Исток и во Украина

Во Србија в недела ќе се одржат вонредни парламентарни избори

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години од 1 јануари 2027 година