Утрински Весник
Македонија

Николовски од Свети Николе: Земјоделците веќе знаат дека со нас секоја година се креираат нови мерки, заедно го развиваме македонското земјоделство

433938495 957863395707497 1653754777667771191 N.jpg
300x250 (7)

Покажавме дека може поинаку, дека можеме подобро. Преку конкретни мерки и политики, што заедно со земјоделците ги креиравме овие години, докажавме дека водиме искрена грижа за секој еден земјоделец, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната средба со земјоделците во Свети Николе.

„Секојдневно на терен меѓу вас земјоделците. Директно од вас ги слушаме предлозите и проблемите и заедно со секој еден земјоделец ги креираме решенијата. Така креираните мерки, секогаш докажано даваат резултати”, истакна министерот Николовски. 

Ss1

Заедно со земјоделците креиравме нов модел за субвенционирање. Модел што на земјоделците им гарантира, брза и навремена исплата, и ги насочува да го произведуваат она што е стратешки важно за државата. Само во овие четири години исплатени се 560 милиони евра субвенции, за над 75.000 полјоделци, тутунари, лозари, градинари, овоштари, сточари, пчелари и органски производители.

Ветивме и во целост го исполнивме дадениот збор, земјоделците денес имаат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка што, по нас, ја воведоа сите земји од регионот. Денес сме земја пример, од која државите во регонот ги следат мерките во земјоделството.

„Земјоделците веќе навикнаа и знаат, со нас, дека секоја година креираме нови мерки, развивајќи го се повеќе македонското земјоделство. Нема еден сектор, една култура во земјоделството, каде не се зголемени субвенциите, каде не сме креирале нови мерки”, истакна министерот Николовски.

Имаме конкретен план и јасна визија, за наредниот период, за вложување на 1,35 милијарди евра капитални инвестиции и директна финансиска поддршка за земјоделците. Со конкретни мерки да обезбедиме рекорден принос, за зголемено производство домашна храна и извоз од 1,25 милијарди евра, за четири години.

Министерот Николовски во рамки на теренските активности оствари посета на Ико Алексов, вреден и посветен сточар од селото Горно Црнилиште, кои заедно со своето семејство одгледуваат околу 320 овци. Задоволен е од мерките што се креирани за поддршка на сточарството.

Оваа 2024 година поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет се зголемува од 400 на 1000 денари. Даваме поддршка и за поголема плата на овчарите од 360.000 денари, на 620.000 денари, по овчар. Имаме поставено цел двојно да го зголемиме буџетото за сточарско производство од 35 милиони на 70 милиони евра годишно. Затоа со право велиме дека оваа година е година на сточарството.

Министерот Николовски оствари посета и на сточарот Јорданчо Павлов од селото Долно Црнилиште и младиот земјоделец Дејан Петковски, кој се вратил од Германија и започнал да се занимава со земјоделство, користејќи  ја поддршката за малади земјоделци, преку програмата за рурален развој и подигнува лозови насади.

Ss1

Можете да прочитате

Зајкова:Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности! 

Левен: Гласајте за СДСМ и Пендаровски, само тие имаат јасен план за Македонија

Во Косово приведен македонски државјанин баран со меѓународна потерница заради тешко убиство