Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус” – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули

Monika zajkova pretsedatelka na ldp 1.jpg

Соопштение на ЛДП:

Владините фалења за „рекорден реформски напредок” се само празна статистичка илузија која нема допирна точка со суровата реалност, истакна претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, во своето гостување во емисијата „Колегиум” на ТВ Алфа. Доколку се мери според вистинските капацитети и брзината на институциите, нашиот реформски напредок е на ниво од само 30 до 45 проценти, што во реалноста претставува преодна оценка од „два плус”. Наместо европски лидер, Македонија денес со тешки маки преживува во реформскиот процес. Граѓаните се заморни од вештачки розеви слики и од удобната стратегија на статус-кво, во која власта свесно одбира да тапка во место, наместо да ги повлече вистинските реформски потези.


ЛДП уште пред повеќе од една година го понуди единствениот одржлив излез од пат-позицијата – носење на уставните измени со одложено дејство кои ќе важат дури откако земјите-членки ќе ги ратификуваат пристапните протоколи, проследено со воведување на национални самозаштитни клаузули по сите европски аршини. Овие решенија веќе уживаат отворена поддршка кај европските либерали (АЛДЕ), кои активно лобираат за ревидирање на ветото и воведување систем на фазна интеграција.

„За реализацијата на Реформската агенда, дури и во најдобро сценарио, до крајот ќе постигнеме максимум 35 до 40 проценти реализација од предвидените 100%. Или да го кажам на средношколски – би добиле трогателна оценка ‘два плус’! Оваа тема веќе навистина е досадна и ги уморува граѓаните затоа што се гледа дека не се сака апсолутно ништо да се направи и дека живееме во некаква удобна стратегија на статус-кво. Не сакаме да се ставиме како држава во позиција на оној феномен – ‘ме мрази учителката и затоа ми става слаба оценка’. Време е за проактивна дипломатија и конкретни заштитни клаузули дома”, посочува Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието.

ЛДП апелира до власта да престане да се оправдува зад надворешните пречки и итно да ги прифати заштитните механизми на ЛДП. ЕУ-интеграциите не се носат со декларативни прес-конференции, туку со заштитен државен интерес и суштински реформи што граѓаните ќе ги почувствуваат во сопствениот дом!

Можете да прочитате

Левица: Не постои национално ослободување без економско ослободување

Приведени две лица во угостителски објект во Тетово, при акциска контрола пронајдена дрога

Начевски: Да не беше Заев, Филипче немаше ни да влезе на „Бихаќка“, а камоли да ја води СДСМ