Утрински Весник
Македонија

Сиљановска – Давкова: Крушевчани имаат на што да бидат горди! 

Img 20240426 193307 027.jpg

Кандидатката за претседател на македонија која победи во првиот изборен круг, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во рамките на кампањата за вториот изборен круг го посети Крушево. Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: -Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата. Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит!  Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок. Ви ветувам дека ќе се опкружам со луѓе од знаење. Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе. Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија! Во рамките на денешните активности, професорката Гордана Сиљановска-Давкова на Гумење  оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум.  Во текот на денот, професорката имаше можност и да ги види изложените ракотворби изработени од здруженијата на жени на Крушево, а исто така и да оствари повеќе средби со граѓаните.

Можете да прочитате

Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај

Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори

Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози